Нарачани и добиени 300 новогодишни пакетчиња

Благодарение на сите вас од почетокот кога ја пуштивме платформата до денес имаме вкупно 95 нарачки и вкупно собрани парични средства во износ од 227.750,00 денари.
Радува вашата поддршка, вашата хуманост и големи срца. Од сега на многу едноставен и лесен начин можете да донирате.
Преку платформата успеавме да купиме 300 новогодишни пакетчиња кои ги купивме по набавна вредност од 230 денари и со тоа успеавме да купиме повеќе пакетчиња од предвиденото.
Останатите 158.750,00 денари е износ за кој вие имате избрано да донирате за пакети за семејствата, донации по ваш избор, пире, макарони, сол, грав, шеќер….
Нема мала или голема донација, минималната донација која можете да ја направите е 100 денари и со тоа да бидете дел од хуманиот маркет и да помогнеме сите заедно онаму каде е најпотребно. Вие избирате што сакате да купите и што ќе донирате.
Период 14.12.2025 – 26.12.2025
Уплатени 227.750,00 денари
Потрошени 69.000,00 денари
Преостанат износ 158.750,00
Купени 300 новогодишни пакетчиња

Сподели