Хуманитарната организација Свети Спас, функционира од 2015та година и е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита, усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Мисијата на организацијата е помагање на социјално загрозени лица без разлика на верска, национална или политичка припадност. Основни цели и задачи на хуманитарната организација се безрезервна поддршка и помош на сите на кои што таа им е потребна.
Хуманитарна организација “Свети Спас” – Драчево ги има следниве цели
- Организирање на конкретни програмски активности
- Спроведување на заеднички проекти
- Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Хуманитарната организација
- Конкретна помош (храна, хигиенски производи, поттик и помош при вработување)
Претседател на здружението е Оливер Петровски
Вовед
Платформата хуман маркет е креирана како онлајн платформа што овозможува купување на производи чија вредност се донира до социјално загрозени семејства преку хуманитарната организација. Целта е да се овозможи лесен и транспарентен начин на донации преку секое онлајн купување, со јавна отчетност и јавна база на поддржувачи. Нашата хуманитарна организација создава иновативна онлајн платформа која овозможува купување на продукти каде секое купување е всушност директна донација, наместо да се достават производите корисниците, тие се дистрибуираат до социјално загрозените семејства. Целта е адекватна помош и транспарентна отчетност за донациите, со визија да станеме лидер во хуманитарната онлајн помош на национално ниво.
Платформата опфаќа онлајн маркет каде луѓето купуваат производи кои веднаш се донираат на ранливи групи. Опслужува различни профили на донатори – поединци, компании и други организации. Клучната поента е транспарентност и јавно објавување на сите средства и производи што се донираат.
Купени производи и донации
Мисија и Визија
Мисија на платформата е да овозможиме полесно донирање и онлајн купување на донации кои ќе претставува директна и транспарентна донација за социјално загрозени семејства, промовирајќи солидарност и хуманост во заедницата.
Визијата на платформата е да воведеме новост во донирањето, да ја искористиме технологијата и да станеме водечка хуманитарна онлајн платформа во земјата која ќе обезбедува иновативни и ефективни алатки за поддршка на најранливите категории, преку јасна комуникација и изградба на доверба меѓу корисниците.